Почетна

Вести

За нас

Соба за исповест

Pрописи и други акти

Истражување

Литература

Често Поставувани Прашање

Врски

Контакт
 

London Communique
       
Bologna Declaration
       
Convention Against Corruption
      

 

 


За нас

 
За Нас


Антикорупциската студентска мрежа за југоисточна Европа е формирана во фебруари 2003 во Пловдив Бугарија, на состанок студентски организации од Бугарија (Младинско здружение за мир и развој на Балканот), Хрватска (Организација на Студенти по Математика), Молдавија (Студентите на Невидливиот Колеџ - Молдавија) и Србија (Студентската унија на Србија). Следната година на мрежата се приклучуваат и Албанија (студентска влада на албанија) и Македонија (Младински Образовен Форум).

Целта за формирање на мрежата е координација на студентските организации по прашања како корупција во високото образование, создавање на заеднички стратегии за борба против корупцијата во високото образование и спроведување на конкретни активности.

При формирањето договорени се основните чекори и динамиката на работа на групата во периодот кој следувал. Првиот чекор е спроведување на истражување за состојбата на корупцијата во високото образование во регионот по пат на идентични анкети во сите земји членки на мрежата. Резултатите од истражувањето беа објавени во 2005 година кога за прв пат беше покренато јавното мислење за овој проблем како пречка за достигнување на квалитетно образование.

Проектот продолжи во 2006 со прецизни истражувања на конкретни полиња на корупција, изградба на методологија и инструменти за мониторинг и сузбивање на корупцијата кои би можеле универзално да се применат и од други заинтересирани страни.

Корупцијата во високото образовение, иако запоставувана е една од најсериозните форми на корупција. КВО ја намалува вредноста на стекнатата дипломата, квалитетот на образованието и ја уништува вербата на студентите во образовниот систем како и желбата да партиципираат во него. Финално, корупцијата ги попречува одамна потребните реформи во образованието, ја оневозможува целосната и исправна имплементација на Болоњската Декларација и го спречува продирањето на Европските образовни стандарди во нашиот систем.


Мисија

  • Намалување на нивото на корупција и реформирање на сегменти од во високото образование


Цели

  • Истражување на застапеноста на облиците на корупција на факултетите
  • Информирање и подигање на свеста во академската заедница (студенти, професори и администрација) и пошироката јавност за застапеноста на корупцијата во високото образование
  • Привлекување на студенти, професори и административни лица да се вклучат во антикорупциските активности
  • Мотивирање и обучување на студенти за учество во процесот на реформирање
  • Надгледување на процесот на реформација во високото образование
  • Формирање на транспарентно високо образование, институционална и правна рамка
  • Создавање на транспарентни универзитетски регулативи и информирање за нивната содржина
  • Јавно одлучување за воведување регулативи со механизми за спречување на корупцијата; и
  • Размена на искуства со активисти од други држави




Целни групи

  • студенти
  • студентски парламенти
  • студентски организации
  • ректорати, универзитети, факултети
  • професори и асистенти
  • административен персонал на факултетот
  • министерство за образование
  • активисти на здружениа на граѓани
  • медиуми и пошироката јавност




Активности

  • Посебно дизајнирани тренинзи за корупцијата и реформи во високото образование
  • Охрабрување и овозможување на активно учество на студентите во процесот на реформирање, заштита на студентските права, јавно застапување и сл.
  • Истражување во областите на корупцијата, транспарентноста, и мониторинг на реформирањето на високото образование
  • Објавуавање публикации и истражувања на мрежата
  • Организирање трибини, форуми, јавни дебати и прес конференции
  • Развој на регионалниот web портал на антикорупциската студентска мрежа во југоситочна европа














Members of the
Anti-Corruption Student Network in SEE:

 
  Albania
Albanian Student Government
  Bulgaria
Youth Society for Peace and Development of the Balkans
  Croatia
Monitor Statistica
  Macedonia
Youth Educational Forum
  Moldova
National Center for Transparency and Human Rights
  Serbia
Belgrade Open School